Приватност, колачиња и правни информации
Како ги обработуваме личните податоци, кои технички податоци ги користи страната и основните информации за друштвото.
Последна измена: 08.10.2026
Политика за приватност
1. Контролор
Контролор на личните податоци е Геопроект Инженеринг ДООЕЛ Скопје, ул. Анкарска бр. 33, 1000 Скопје. За сите прашања поврзани со личните податоци можете да нè контактирате на geoproing@gmail.com или на телефон +389 2 3052 223.
Личните податоци ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/2020, со измените објавени во бр. 294/2021 и 101/2025).
2. Кои податоци ги обработуваме и зошто
| Ситуација | Податоци | Цел | Правен основ |
|---|---|---|---|
| Барање за понуда и контакт | име и презиме или назив, телефон, е-пошта, место, опис на задачата | одговор на барањето и изготвување понуда | преземање активности на барање на субјектот пред склучување договор (член 10) |
| Извршување на услуга | податоци за нарачателот и сопствениците, податоци од имотен лист и техничка документација | изработка на геодетски елаборати и постапки пред надлежни органи | извршување договор и законски обврски од прописите за катастар (член 10) |
| Посета на страната | технички податоци како IP-адреса, време на пристап и тип на прелистувач | безбедност и правилно функционирање на страната | легитимен интерес (член 10) |
Не обработуваме посебни категории лични податоци и не донесуваме автоматизирани одлуки, вклучително и профилирање.
3. Рок на чување
- барања за понуда по кои не е склучен договор: најмногу 12 месеци од последниот контакт;
- договори, елаборати и деловна документација: во роковите пропишани со законите за катастар, сметководство и архивско работење;
- технички податоци од посетата: најмногу 30 дена, освен ако не се потребни за утврдување безбедносен инцидент.
4. Примачи на податоците
Податоците ги доставуваме до Агенцијата за катастар на недвижности и до други надлежни органи кога тоа е потребно за извршување на услугата или е пропишано со закон. Податоците ги обработуваат и давателите на услуги за хостинг и е-пошта, врз основа на договор и според нашите упатства. Личните податоци не ги продаваме и не ги отстапуваме за маркетинг.
5. Комуникација преку Viber и WhatsApp
Ако ни пишете преку Viber или WhatsApp, податоците ги обработуваат и давателите на тие услуги според нивните политики за приватност, вклучително и со пренос надвор од земјата. Ако не сакате тоа, контактирајте не по телефон или по е-пошта.
6. Вашите права
Според членовите 19 до 25 од Законот за заштита на личните податоци имате право на:
- пристап до вашите лични податоци;
- исправка на неточни или нецелосни податоци;
- бришење, кога за тоа се исполнети законските услови;
- ограничување на обработката;
- преносливост на податоците;
- приговор на обработката што се заснова на легитимен интерес;
- повлекување на согласноста во секое време, кога обработката се заснова на согласност.
Барањето испратете го на geoproing@gmail.com. Ќе одговориме без непотребно одлагање, најдоцна во рок од еден месец. Имате право да поднесете барање и до Агенцијата за заштита на личните податоци.
7. Безбедност
Применуваме технички и организациски мерки за заштита од неовластен пристап, губење или уништување на податоците, вклучително и ограничен пристап само за вработените на кои им се потребни за работа.
Политика за колачиња
Колачињата и локалното складирање се мали записи што страната ги чува во вашиот прелистувач. Неопходните записи се потребни за страната да работи и не бараат согласност. Сите други се користат само со ваша согласност.
| Назив | Вид | Намена | Рок |
|---|---|---|---|
| gp-consent | неопходен | го памети вашиот избор за колачиња | 12 месеци |
| gp-theme | неопходен | ја памети избраната светла или темна тема | до бришење од прелистувачот |
Аналитички колачиња. Во моментов страната не користи аналитички ниту маркетиншки колачиња. Ако се воведат, ќе се активираат само ако ја дадете согласноста во поставките за колачиња.
Надворешни содржини. Фонтовите на страната се вчитуваат од услугата Google Fonts, при што прелистувачот ја испраќа вашата IP-адреса до Google. Врските кон WhatsApp и Viber ги отвораат тие услуги, кои применуваат свои правила за колачиња.
Изборот можете да го промените во секое време преку копчето , а колачињата можете да ги избришете и во поставките на прелистувачот.
Правни информации
Информации во согласност со член 7 од Законот за електронска трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 133/2007, со подоцнежните измени):
- Назив
- Трговско друштво за геодетски работи и услуги ГЕОПРОЕКТ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје
- Седиште
- ул. Анкарска бр. 33, 1000 Скопје, Македонија
- Контакт
- +389 2 3052 223, +389 2 3052 224, +389 70 384 531, geoproing@gmail.com
- Регистар
- Централен регистар
- Шифра на дејност
- 71.12 – Инженерски дејности и поврзано техничко советување
- Основано
- 19.09.2006
- ЕМБС
- 6142460
- ЕДБ
- 4030006604588
- Дејност
- геодетски работи и изработка на геодетски елаборати за потребите на катастарот на недвижности
- Овластувања
- геодетските работи ги вршат овластени геодети со лиценца издадена од Агенцијата за катастар на недвижности
- Беспилотни летала
- регистриран оператор на беспилотни летала кај Агенцијата за цивилно воздухопловство
Содржината на блогот е информативна и не претставува правен совет. Прописите се менуваат, па пред преземање правни дејствија проверете ги важечките текстови или обратете се до нас.
Авторски права и фотографии
Забрана за преземање содржини
Сите содржини на оваа веб-страница – текстови, статии од блогот, фотографии, графики, лого, дизајн и изворен код – се заштитени согласно Законот за авторското право и сродните права. Забрането е копирање, преземање, умножување, објавување или каков било друг вид користење на содржините, во целина или делумно, без претходна писмена дозвола од Геопроект Инженеринг ДООЕЛ Скопје.
Дозволено е споделување врска (линк) до страницата или до одделна статија. Фотографиите од трети лица наведени подолу се користат според нивните лиценци. Секое неовластено користење претставува повреда на авторското право и подлежи на одговорност согласно закон.
Фотографии
Дел од фотографиите се преземени од Unsplash, според Unsplash License. Автори: Centar MURID, Mitch Nielsen, Scott Blake, Valerie V, Red Zeppelin, Rose Galloway Green, Iain, Nick Fewings, Nasim Uddin, David Klein, Sergej, ThisisEngineering, Josh Pigford, Brett Jordan, William Bayreuther, Ervo Rocks, Marek Minor, Red Shuheart, Grigorii Shcheglov, Breno Assis, Rod Long, Edouard TAMBA, Oleksandr Kuzmin, iwin, Daniel McCullough.
Фотографија од Pexels (DJI Matrice 400), автор Isaac Lee, според Pexels License.
Фотографии од Wikimedia Commons:
- „Ground Penetrating Radar in use“, The Charles Machine Works, CC BY-SA 2.0
- „Ground-penetrating radar (GPR)“, Arc Geodesy Pvt Ltd, CC BY-SA 4.0
- „UG utility locate 5th and B“, Mds08011, CC BY 4.0
- „Using a Utility Locator“, Macs4life, CC BY-SA 3.0
Фотографиите се изменети: сечење, промена на големината и тонска обработка.